Русин обвинет дека убил и делумно изел тројца пријатели
Русин обвинет дека убил и делумно изел тројца пријатели
Маж стар 51 година е осомничен дека делумно изел тројца пријатели , со кои претходно пиел алкохол.
Мажот, уапсен на истокот на Русија е обвинет за канибализам, откако биле идентификувани три убиени и делумно изедени жртви, заедно со остатоци од мачки, кучиња и помали животни.
Кога жртвите заспале,откако пиеле заедно, тој наводно ги убил и ги исецкал нивните тела со нож.Коските биле пронајдени во вреќи фрлени во езерото и во река во близина на градот Архангелск.
Рускиот истражен комитет (СК) издаде изјава за осомничениот и објави видео од уапсениот.За него се вели дека е ментално здрав. Тој имал криминално досие, но неговото име не е објавено.
Убиствата, наводно, се случиле во текот на 2016 и 2017 година, но СК наведува дека требало долго време да се идентификуваат жртвите. Две од трите жртви немаа роднини, додека третата се верува дека се преселила во друг град во потрага по работа.