Славната актерка позира во долна облека и го покажа своето тело на 62 години

Актерката Мелани Грифит (62) често добива комплименти за изгледот, а неодамна на социјалните мрежи сподели фотографија на која е во долна облека и ги воодушеви своите фанови. Грифит позира пред огледало во црна долна облека и докажа дека годините навистина се само бројка.

Половина милион нејзини следбеници беа изненадени од фотографиите на поранешната сопруга на Антонио Бандерас, облечена само во црн градник и килоти, но и високи потпетици.

https://www.instagram.com/p/B4OG2t1B7l-/?utm_source=ig_web_copy_link

Мелани претходно призна дека работи напорно на својата линија, неколкупати неделно вежба пилатес и трча, а не јаде големо количество јаглени хидрати.

Но, нејзиниот убав изглед не се должи само на здравиот начин на живеење. Нејзината мајка Типи има 88 години, а Мелани постојано објавува нејзини фотографии на социјалните мреж, покажувајќи им на фановите како изгледа поранешната актерка.

Мелани е мајка на три деца – ќерката Дакота (29) со Дон Џонсон (69) и синот Александар (34) со Стивен Бауер (62), а во бракот со Бандерас ја доби ќерката Стела (22) во 1996 година кога и се венчаа.

Треба да знаете
Последни објави