Удинезе му даде отказ на Тудор

Игор Тудор веќе не е тренер на фудбалскиот клуб Удинезе, а ќе треба да си оди и неговиот прв помошник Јурица Вучко. Член на Удинезе е македонскиот напаѓач Илија Несторовски, па останува да се види како оваа промена на шефот на стручниот штаб, ќе влијае врз неговиот статус во тимот и формата. Тудор беше еден од најзаслужните што Несторовски летоска стана член на Удинезе каде дојде од Палермо.

Во следниот период, со екипата како привремен тренер ќе работи Лука Готи. Готи од денеска попладне почнува да ги тренира „црно-белите” од Удине, а дебито како тренер ќе го има викендов на гостувањето кај Џенова, за која игра Горан Пандев.

Треба да знаете
Последни објави