Поранешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај изјави дека Вљора Читаку, амбасадорката на Косово во САД, е една од повеќето луѓе кои работеле на поделба на Косово.
Харадинај пред новинарите кај споменикот на Захир Пајазити изјави дека Читаку за тоа работела заедно со Хашим Тачи и со албанскиот премиер Еди Рама, пренесе телевизијата Кљан Косова.
Тој додаде дека „оваа грешка не ги спречила и понатаму да бидат на тиа функции”.
– Има многу функционери на Косово кои беа за поделба на територии и направија голема грешка … Вљора, претседателот Тачи, албанскиот премиер Рама и други, рече Харадинај.