Германската влада призна дека финансирала посета на странски агенти на годинашниот Октоберфест, во организизација од германската разузнавачка агенција. Портпарол на германската разузнавачка агенција БНД, сепак, денска одби да ја коментира посетата, во која, наводно, биле вклучени повеќе од 100 германски шпиони и нивни гости, а која чинела повеќе од 30.000 евра, пренесува АП. Агенцијата соопшти дека е нејасно дали целата сума отишла на пиво, за кое се верува дека може да го „одврзе јазикот“. Веста за посетата на шпионите на светски познатиот фестивал на пивото во Минхен, беше откриена во одговор на владата на прашање на опозициски пратеник, а за неа прв напиша весникот „Билд ам Зонтаг“, минатиот викенд.
Левичарскиот пратеник Дитер Дем, кој побара одговорност од владата, овој настан го нарече безобразна екскурзија.



