Белите шлемови и терористите во Сирија се подготвуваат за нови провокации со употреба на хемиско оружје

Организацијата „Бели шлемови“ заедно со терористите подготвуваат нови провокации со употреба на хемиско оружје во Сирија, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува „Спутник“.

„Нови потврди за активностите на ‘Белите шлемови’ се појавуваат цело време. Според постојните информации кои сириската влада редовно ги дава во ОН,’Белите шлемови’, заедно со терористите, подготвуваат нови хемиски провокации во Сирија. Тие очигледно имаат за цел да го нарушат мировниот процес во земјата“, рече портпаролката Марија Захарова.

Претходно, Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп одобрил помош од 4,5 милиони американски долари за сириската организација „Бели шлемови“.

Русија е разочарана од одлуката на Вашингтон за доделување средства на „Белите шлемови“,  потсетувајќи дека Русија јавно откри докази за нивни врски со терористите.

Москва и Дамаск во повеќе наврати ги обвинија „Белите шлемови“ за провокации со хемиско оружје за да се оправдаат интервенциите во странство и присуството на странски сили во Сирија.

Треба да знаете
Последни објави