Вандали осквернавиле гробишта во југозападна Франција во средата пред зори уништувајќи се што било поврзано со христијанската симболика, вклучувајќи десетици камени крстови, распетија и слики од ангели и од Богородица, пренесува „Брејтбарт“.
Според локалните извештаи, вандалите осквернавиле речиси 100 христијански гробови на гробиштата „Броил“ во Коњак, уништувајќи претежно крстови, но и голем број статуи, плакети и претстави на ангели и на блажената Дева Марија.
Сквернавњето на гробиштата се случи само неколку дена пред Денот на мрвите на 2. ноември, кога католиците ги посетуваат гробовите на нивните најблиски за да се молат за упокојување на нивните души.
Градоначалникот на Коњак, Мишел Гуриншас, го опиша инцидентот како жален и срамен и рече дека се надева оти не е ништо повеќе од чин на глупав вандализам, без антихристијанска мотивација.
Гуриншас како доказ за секуларната природа на злосторството го истакна фактот дека вандалите не оставиле натпис на гробиштата што укажува на идеологија или верување.
„Градоначалникот вели дека ништо не укажува на религиозна мотивација. Еден куп скршени крстови очигледно не е доволен за него. Што му треба повеќе од овој огромен број искршени крстови, распетии и статуи на Дева Марија,“ напиша Даниел Амиш за „L’Observatoire de la Christianianobobie“.
Антихристијанското сквернавење е во пораст во Франција иако државните власти не се подготвени да ја признаат религиозната природа на делата. Како што објави „Брејтбарт“ минатиот март, дванаесет христијански цркви во Франција беа нападнати и вандализирани за една недела.
Централната служба за криминалистичко разузнавање оваа пролет извести дека во просек три цркви дневно се мета за вандализам во последните три години. Во 2018 година, Министерството за внатрешни работи забележало 541 антисемитски дела, 100 антимуслимански дела и 1.063 антихристијански дела.