Државјанин на Северна Ирска е обвинет по повеќе точки од обвинението за убиствo од небрежност, во врска со откривањето на 39 тела во камион во близина на Лондон минатата недела, објави денес ирскиот медиум РТЕ.
Емонд Харисон (23) се појави пред судот во Даблин каде што се соочи со 41 обвинение, откако беше уапсен врз основа на европска потерница, пренесува „Ројтерс“.
Претходно денес, британската полиција соопшти дека трага по двајца браќа од Северна Ирска „кои се клучни за истрагата“.