Заев: Се грижиме секое семејство да живее подобро и младите да не се иселуваат

Вложувањето во образованието е градење на скапоцен потенцијал и инвестиција во иднината на државата. Со покачувањето на платите на просветните работници, нашите посветени наставници ќе дадат сериозен придонес за развојот на нашето општество. Ова го напиша на Фејсбук премиерот Заев пред денешната средба со СОНК.

– За 7 години претходната влада има покачено 850 денари, додека оваa влада за 2 години ги покачи платите во образованието за 2.100 денари, а следи и ново покачување за 10% во 2020 години. Продолжуваме да ги решаваме сите предизвици низ дијалог. Платите ќе продолжат да растат, бидејќи се грижиме секое семејство да има услови за подобар живот, а младите да ни останат тука, дома, вели тој.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10157946676962932

Треба да знаете
Последни објави