Ибрахимовиќ сепак не се враќа во Шпанија

Поранешниот шведски репрезентативец, Златан Ибрахимовиќ, пред неколку дена преку видео на социјалните мрежи изјави дека се враќа во Шпанија, а веднаш започнаа шпекулациите за тоа во кој тим ќе ја продолжи својата кариера.

Златан ќе стане слободен агент на крајот на годината кога истекува неговиот договор со американскиот тим Л.А. Галакси.

На крајот, се покажа дека видеото е дел од рекламна кампања на шпански букмејкер, а Ибра ќе биде едно од лицата на компанијата.

Швеѓанецот играше во Ла Лига со екипата на Барселона во текот на сезоната 2009/2010, а неговиот престој го одбележа конфликтите со тогашниот тренер на Каталонците, Пеп Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави