Позната актерска двојка изненади со својата трансформација за Ноќта на вештерките

Славната актерка и пејачка Бет Мидлер беше домаќин на нејзината забава по повод Ноќта на вештерките, на тема златната доба на Холивуд,  на која присуствуваа голем број познати личности.

Забавата на ѕвездата на „Хокус покус“ има хуманитарен карактер, а меѓу познатите личности вниманието го привлекоа Кетрин Зита-Џонс и нејзиниот сопруг Мајкл Даглас, кои се маскираа како холивудската заводничка Џин Харлоу и Лоренс од Арабија кого го глумеше Питер О’ Тул во класикот од 1962 година.

Покрај познатата актерска двојка, овој настан не го пропуштија ниту легендарната Џоан Колинс, Синди Лопер, Луси Боинтон, Лора Дрејфус, Мајкл Корс, Лори Дејвид, Џудит Лејт, Бени Фелдстејн и други.

Треба да знаете
Последни објави