Русин кој со мачка нападнал полицаец осуден на пет години затвор

Жител на Москва е осуден на пет години затвор зошто наводно користел мачка во напад врз полицаец, јавија руските медиуми. Осомничениот, Генади Шчербаков, ја вознемирил мачката со тресење и ја фрлил кон полицаецот кога тој му се приближил на улица. Полицаецот кој се појавил откако сосед пријавил врева, се здобил со сериозни гребнатини по лицето. Шчербаков добил кривична пријава за напад врз службено лице. Случајот стигнал на суд по една година од инцидентот, пренесоа локалните медиуми. Руската телевизија „Рен“ објави дека на 4 октомври 2018 година, Шчербаков седел на влезот од една зграда во Москва. Тој, наводно, бил пијан. Соседите пријавиле дека некој прави врева, а кога пристигнал полицаецот, Шчербаков не сакал да соработува или да одговара на прашањата.

Обвинет е дека грабнал мачка и ја фрлил кон полицаецот. Животното ги зарило канџите во неговото лице и побегнало. Шчербаков негира дека ја користел мачката како оружје и тврди дека животното самото скокнало. Не е познато зошто судскиот процес е одржан дури по една година од настанот, ниту пак што се слуичило со мачката.

Треба да знаете
Последни објави