ЦСКА Москва со победата над Зенит од 87:70, му покажа на ривалот од Санкт Петербург, дека најсилен руски тим во моментов се „армејците” од главниот град.
Со победата на гостувањето на северо-западот, ЦСКА има биланс од пет триумфи и само еден пораз после шест кола. Клучна беше последната четвртина, што гостите ја добија со 26:11. Европскиот првак доминираше и во првата четвртина кога создаде предност, што Зенит не успеа да ја загрози.
Зенит уште нема победа на свој терен во Евролигата, а во следното коло повторно игра дома против московски тим, Химки, па можеби тогаш ќе испише историја. Вечерва се играат уште шест натпревари во најсилното клупско кошаркарско натпреварување во Европа.