Се урна јужнокорејски противпожарен хеликоптер со седум патници

Јужнокорејски противпожарен хеликоптер со седум патници се урна во источниот брег на Јужна Кореја и веројатно никој не преживеал, јавија локалните медиуми.

Хеликоптерот се урнал во четвртокот вечерта, во близина на спорниот остров, кој го нарекуваат Докдо во Јужна Кореја и Такешима во Јапонија.

Хеликоптерот пренесувал повреден морнар до болница, но набргу по полетувањето од Докдо се урнал од засега непознати причини.

Новинската агенција „Јонхап“ известува дека околу 14 часа по несреќата, хеликоптерот бил забележан од спасувачки пловила.

Во потрагата по хеликоптерот биле испратени спасувачки брод и подморница.

Треба да знаете
Последни објави