САД воведоа нови санкции за иранскиот сектор за градежништво и сегментот на трговијата со материјали што се користат за воената и нуклеарна програма на оваа земја, соопшти Стејт департментот.
Новите санкции кон Иран ги потврди и американскиот државен секретар Мајк Помпео, наведуваат американските медиуми.
Тој кажа дека санкциите се воведени за иранскиот градежен сектор кој, како што наведе, е под контрола на иранската Револуционерна гарда , која, пак, претходно годинава од САД беше означена како „странска терористичка организација”.