Унијата на Европски Федералисти домаќин на францускиот амбасадор

Дел од водечкиот тим на Унијата на Европски Федералисти на Македонија, во текот на вчерашниот ден оствари средба со францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние. Како што информираат од УЕФМ, на средбата се разговарало за европската иднина на земјава, во контекст на конечниот предлог на Република Франција за реформи на ЕУ и пристапниот процес.

„Од страна на нашите претставници, беше презентиран предлогот за промоција на ФОРУМ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ‘ЦЕНТРАЛНО БАЛКАНСКА ИНИЦИЈАТИВА’ како модел на регионална интеграција на Р.С. Македонија во Европската Унија“, се наведува во соопштението за средбата.

Во него се додава дека промоцијата на таа иницијатива која е дел од политичката програма „Македонски Концепт“, ќе продолжи во наредниов период, пред домашни и меѓународни институции.

Треба да знаете
Последни објави