Гвардиола: Тешко е да се нападне кога противникот се брани со единаесетмина

Тренерот на актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити, Пеп Гвардиола го пофали својот тим за денешната победа над Саутемптон (2:1) на натпреварот во првенството во Англија.

„Граѓаните” први примија гол, а победничкиот го постигнаа во 86. Минута.

– Ние направивме сè. Беше многу тешко да се нападне кога противникот се брани со 11. Нашата напорна работа се исплатеше. Ние реагиравме добро. Моравме да сториме сè и направивме сè. Треба сами да го диктираме темпото на натпреварите, изјави Гвардиола.

Манчестер сити е втор во Премиер лигата со шест бодови помалку зад лидерот Ливерпул.

Треба да знаете
Последни објави