Британската Конзервативна партија на Борис Џонсон убедливо води на анкетите, во однос на опозициската Лабуристичка партија.
Како што пренесе „Ројтерс“, во пет последни анкети, за конзервативците би гласале помеѓу 36 и 42 отсто од избирачите, додека за лабуристите се изјасниле помеѓу 21 и 29 проценти.
За либералните демократи се изјасниле помеѓу 14 и 20 отсто од избирачите, за партијата Брегзит помеѓу 7 и 13, а за Зелените пет отсто од гласачите.
Анкетите биле спроведени од 25 до 31 октомври.