Македонските претставник во елитното ракометно клупско натпреаврување Еурофарм Работник не успеа да дојде до првата гостински победа во Лигата на шампионите во групата Ц, откако вторпат е совладан од Татран Прешов, овојпат на гостински терен (31:29). Овој неуспех за македонскиот вицепрвак е петти во групната фаза од елитното натпреварување.
Татран на почетокот од натпреаврот поведе со 4-1. Избраниците на тренерот Стефче Алушовски влегоа во ритам и во 17. минута имаа водство од 8-11, но противникот со серија од 7-3 на полувремето замина со 15-14.
Домашниот состав поведе со 22-19 во 40. минута благодарение на серија на грешки на битолскиот тим. Но, „фармацевтите“ не се откажаа и со четири гола во низа поведоа со 22-23 за враќање на неизвесноста. Татран Прешов повторно направи резултаски пресврт (27:23), но битолчани не се предадоа. Во 56. минута намалија 29-28, нереализраа напад за ново израмнување, имаа уште една шанса да останат барем непоразенин, но не ја искорситија, па домаќинот погоди за да ја осигура победата (31:29).