Тимот на Болоња е подготвен сериозно да се приклучи на трката за потписот на Златан Ибаримовиќ. Италијанците се подготвени да платат 8 милиони евра на напаѓачот за 18-месечен договор, информира „Кориере дело Спорт”.
Според весникот, претседателот на Болоња, Џои Сапуто, се согласува да ги задоволи финансиските побарувања на 38-годишниот шведски напаѓач. Забележано е дека дел од платата ќе плаќаат спонзорите на клубот.
Договорот на Ибрахимовиќ со американскиот Лос Анџелес Галакси истекува на крајот на годината, а тој изрази желба да се врати да игра во Европа.
2019-11-02 13:40:33, од Влатче З