(Видео) Трипуновски: Министерот Димковски шиканира партиски неистомисленици

Над 70 вработени во шумската полиција се прераспределени на работни места надвор од нивното место на живеење, обвини Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Трајан Димковски по налог на Зоран Заев шиканира партиски неистомисленици, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, но пред се професионалци вработени во Секторот Шумска полиција. 70 администратори и шумски полицајци веќе една недела одат на работа оддалечена и над 50 километри од нивното место на живеење“, изјави тој.

За апсурдот да биде поголем, додаде Трипуновски, се преместуваат вработени од еден во друг град со образложение за зголемен обем на обврски.

„Шиканирањето и мобингот нема да заплашат никој. Граѓаните се помотивирани од било кога. СДСМ паѓа и ниту една манипулација и панична реакција нема да ги спаси. ВМРО-ДПМНЕ им нуди на сите вработени во јавниот сектор кои се шиканирани од власт бесплатна правна помош од страна на правната комисија на партија, кој ќе може да ја добијат во секој еден штаб на партијата, секој работен ден од 17-19 часот“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави