ВМРО ДПМНЕ: Времето на криминалот мора да заврши

Смешно е да се слуша како измамникот Заев се фали пред младите дека му постилаат црвен тепих на дипломатски посети. Бидејќи тој и неговиот кабинет не ги распознаваат знамињата на Австрија и Литвија, па не се знае дали знае или не дека црвениот тепих е дел од дипломатски протокол кога официјален државен претставник оди во официјална посета на друга држава, вели во соопштение опозициската ВМРО ДПМНЕ како рекација на денешниот настап од премиерот Зоран Заев.

-Не е јасно кога Заев им вели на младите дека докажуваме дека сме европејци на што мисли!? Дали свесно лаже и ги заборава криминалот, корупцијата и рекетот од над 20 милиони евра, за кој се уште нема одговорност, зошто во истиот е вмешана највисоката власт!?

Европејците  за кои Заев зборува не крадат и не лажат  како него. Во Македонија на чело со Заев, не ферментира дебатата, туку криминалот кој блеска. Добро би било наместо да шпарта попреку и правично, како што вели да го ослободи судството од влијанието врз него, да ја деполитизира администрацијата и во овие два месеци кои му  остануваат да направи нешто добро за Македонија.

Младите нема да наседнат на лагите и манипулациите на Пинокио Заев, бидејќи три години откако Заев е на власт, Македонија е земја со најголема стапка на младинска невработеност во Европа и земја од која во изминативе три години се заминуваат повеќе луѓе од било кога до сега.

Срамота е Заев да се фали со грантовите на Фондот за иновации, кога парите наместо кај младите претприемачи и иноватори завршија кај роднините на неговите функционери. Заев  три години ја раскрчмува државата. Криминалот, корупцијата и рекетот се трите работи за кои Заев е специјалист.

Времето на криминалот мора да заврши. Доаѓа 12 април. Доаѓа време за одговорност.

Треба да знаете
Последни објави