ВМРО-ДПМНЕ не гледа причина за одложување на изборите

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не гледа причина зошто изборите би се одложиле и не би се одржале на 12 април,  по изјавите на премиерот, Зоран Заев, дека можно е поместување на датумот.

„На лидерската средба во која што учествуваа сите политички партии беше утврдено дека изборите треба да се одржат на 12 април, односно техничка влада да се формира на 3 јануари 2020 година. Ние како политичка партија не гледаме посебна причина за одложување на изборите кои што ги најавува Заев“, рече Цветан Трипуновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кажа дека согласно процедурите на собранието и претседателот на собранието ќе се одлучи дополнително дали има простор да се изгласа ратфикацијата на протоколот за членство во НАТО или ќе треба да се направи некоја друга отстапка.

Треба да знаете
Последни објави