Холанѓанецот Матијс де Лихт го постигна првиот погодок во дресот Јувентус и го реши торинското дерби, по кое „старата дама“ се врати на врвот во италјанската фудбалска Серија А. Јувентус како гостин го совлада градскиот ривал Торино со 1:0.
Холанѓанецот реагираше одлично откако Игуаин му испрати повратна топка по изведен корнер и го совлада инаку сигурниот Сиригу во 70. минута.