Заев: По 47 години се реконструира далекуводот во Штипскиот регион

Премиерот, Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева, денес извршија увид во реконструкцијата на 110 киловотниот далекувод ТС Штип – ТС Пробиштип.

Реконструкцијата е финансирана со заем од ЕБОР, а инвестицијата за изградба на далекуводот чини 2,45 милиони евра. Далекуводот е со должина од 25,21 километри.

Новиот далекувод ќе биде поставен на 110 челично-решеткасти столбови и ќе го замени постоечкиот далекувод што е во функција повеќе од 47 години, а планот е изградбата на далекуводот да заврши до крајот на годинава.

Заев истакна ваквите крупни капитални инвестиции во електроенергетската инфраструктура се исклучително значајни за нашата земја и за подобрување на инвестиционата клима. Со ова, додаде тој се создава сигурност кај домашните и странските инвеститори и се гарантира стабилност за економијата но и граѓаните на Северна Македонија.

Министерот Сугарески се осврна на континуираните напори на владата во обезбедување градење на серивиси за граѓаните и бизнис секторот и потсети дека овој проект е само еден од шесте преку кои се работи на модернизација на инфраструктурата која во овој регион не е обновена речиси 50 години.

Директорката на МЕПСО Ева Шуклева образложи дека со проектот за изградба на нов далекувод и со новата опрема ќе се сведат на минимум ризиците од испади и прекини во снабдувањето со електрична енергија, а со тоа значајно ќе се намалат и трошоците за одржување.

Овој проект е само еден од предвидените во десетгодишниот инвестицискиот циклус што го започна МЕПСО вреден 150 милиони евра, во модернизација и изградба на нови енергетски објекти, во нови трансформаторски станици и далекуводи.

Треба да знаете
Последни објави