Конзервативците на Џонсон водат на анкетите во Велика Британија

Британската Конзервативна партија на Борис Џонсон убедливо води на анкетите, во однос на опозициската Лабуристичка партија.

Како што пренесе „Ројтерс“, во пет последни анкети, за конзервативците би гласале помеѓу 36 и 42 отсто од избирачите, додека за лабуристите се изјасниле помеѓу 21 и 29 проценти.

За либералните демократи се изјасниле помеѓу 14 и 20 отсто од избирачите, за партијата Брегзит помеѓу 7 и 13, а за Зелените пет отсто од гласачите.

Анкетите биле спроведени од 25 до 31 октомври.

Треба да знаете
Последни објави