Кучето Маша откри два килограми хероин скриен во ауспух кај македонски и српски државјани

Полицијата во Хрватска задолжена за незаконита миграција, контрола на престој на странци се посомневала, па со помош на кучето Маша во спроведената акција открила повќе од два килограми хероин скриен во ауспух од автомобил „цитроен“.

Осомничени за нелегалното производство и промет со наркотиочни средства се 39-годишен државјанин од Македонија и 62 годишно лице од Србија. Двајцата се приведени и се предадени на надлежните истражни полициски органи во Загреб.

Полициските службеници се посомневале во двете осомницчени лица дека имаат врска со опојни дроги на 30 октомври 2019 година кога стапиле во контакт со нив. Тие ги посетиле во објектот каде биле сместени, а нивниот автомобил бил паркиран на соодветно паркиралиште. Во откривањето на дрогата на полицајците им помогнало кучто Маша да ги потврдат своите сознанија. Искусното полициско куче веднаш кога било донесено до автомобилот го лоцирало местото каде е скриена дрогата. Ово било потврда за полициските службеници автомобилот марка „цитроен“ со српски регистарски таблици да го пренесен во полициската работилница каде бил детално претресен и пронајден хероинот.

 

Во надграден дел од ауспухот пронајдени се четири пакетчиња со вкупна тежина 2.199 грама хероин. Станува збор за рекордна заплена на хероин. Полицијата во Загреб во 2018 година од вкупните пронашла и запленила 904, 59 грама хероин, додека во првите месеци од оваа година открила вкупно 390,40 грама од оваа дрога. Кучето Маша се покажало како многу корисен дел од полицискиот тим во борбата за откривање на дрога.

Во февруари годинава Маша открила повеќе од четири килограми марихуана, а на подрачјето на Истра пред две недели учествувала во детектирање на 8 килограми марихуана на автопатот А1.

 

Треба да знаете
Последни објави