Манчестер јунајтед остана без три планирани бода од дуелот со Борнмут

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер го изрази своето разочарување од денешниот пораз претрпен на гостувањето кај Борнмут (0:1) во натпревар од 11. коло.  Според него, Манчестер јунајтед се надевал на многу повеќе поради добрата форма во последниот период.

– Поразот е фрустрирачки. Со оглед на формата во која се наоѓаше тимот, очекувавме да заземеме три бода. Ова е чекор назад за нас. Но, треба да заборавиме на тоа и да продолжиме понатаму. Не можевме да извлечеме корист од добриот почеток, а противникот имаше среќа. Гринвуд ја погоди стативата, во други ситуации, тој би реализирал таква шанса. Тој ќе биде добро. На вакви натпревари многу е важно да се постигне прв гол, а противникот успеа во тоа, изјави Солскјер.

За Јунајтед ова беше четврти пораз од почетокот на сезоната во Премиер лигата. Сега тимот од „Олд трафорд” има 13 бода и се наоѓа некаде на средината на табелата.

Борнмут ја забележа четвртата победа и со вкупно 16 бода пред комплетирање на колото е во горната половина на табелата.

Треба да знаете
Последни објави