– Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го совлада Жо-Вилфред Зонга со 7-6 (7-4), 6-1 и се квалификуваше во полуфиналето на „Мастерс” турнирот во Париз.
Надал го скрши отпорот на Французинот за 1 час и 35 минути и продолжува напред во турнирот без да изгуби сет.
Негов противник на патот кон финалето ќе биде Денис Шаповалов, кој за точно еден час го совлада Гаел Монфис со 6:2, 6:2.
Триесет и три-годишниот Надал и 13 години помладиот од него Шаповалов досега се сретнаа двапати и разменија по една победа.
Претенденти во другото полуфинале денес ќе бидат Новак Ѓоковиќ и Бугаринот Григор Димитров.