Обединети за Македонија е за целосно укинување на прогресивното оданочување. Со рамниот данок сите се оданочуваат со иста стапка. Освен како центар-десно партија, ова го посочуваме и со причина дека во иднина може да доведе до „brain drain“, односно поедници со повисок потенцијал на заработка може своите компании да ги пренасочат во друга земја.
Тоа би ја намалила конкурентноста и квалитетниот кадар, но и големината на платите на граѓаните. Освен тоа, прогресивниот данок ги одбива и потенцијалните инвеститори.
Секој инвеститор за да отвори работни места, му требаат добри услови за да може својата инвестиција да ја одржи во живот и да ја направи профитабилна, со што автоматски значи и проширување и повеќе работни места.