Претседателката на млади европски социјалисти, Лара Квесиќ: Држава во која премиер им дава силна поддршка на младите има иднина, борете се!

Чест ми е да бидам гостинка на вашата држава во која премиерот вака седи и разговара со младите луѓе, тоа во Хрватска го немаме на пример а сме членка на ЕУ, рече на трибината организирана од СДММ, претседателката на млади социјалисти, Лара Квесиќ.
Младите треба да покажеме дека и сакаме добро на својата земја и да се бориме за неа. Проблемот со иселување е  поширок, затоа знаењето треба да се користи и да се допринесе за својата земја. Мојата порака е учете, подгответе се и бидете спремни. Благодарам на премиерот Заев што им дава волку силна поддршка на младите. Ние сме тие што треба што повеќе да работиме, да напредуваме и да работиме за напредокот, рече Квесиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави