Во воведниот натпреавр од 13. коло во прволигашката фудбалска конкуренција во Македонија, последнопласираниот Работнички се врати со бод од гостувањето во Струмица кај второпласираниот состав на Академија Пандев (1:1).
Ремито е реален исход на интересниот и возбудлив натпреавр одигран на стадионот “Благој Истатов“ во Струмциа. Домаќинот Академија Пандев поведе со голот на Стојкоски во 29.минута, а Шаркоски постигна израмнувачки гол во 73. минута за Работнички.
Возбудливи беа последните минути кога и двете екипи имаа и по една шанса за победа, но голманите Чубраковиќ и Шишковски беа на висина на своите задачи.