СЕГА: Нивото на информираност на младите за работничките права на многу ниско ниво

Нивото на информираност на младите од земјава за нивните работнички права се на многу ниско ниво, покажува истражувањето на Центарот за напредни студии на Југоисточна Европа – Универзитет Риека од Хрватска, спроведено во рамки на проектот „Права на работа, работата за правата”.

Како што информираат од Коалицијата на младински организации СЕГА која е еден од десетте партнер-организации, проектот се имплементира од декември 2018 година и почна со истражувањето на млади вработени за тоа колку ги користат своите права од работен однос и положбата во нивното работно опкружување. Истражувањето е спроведено на 1.000 млади вработени во јавниот сектор

-Следејќи ги потребите на младите анкетирани, обучени врснички едукатори – млади активисти на синдикатите од вклучените земји во текот на летото разговараа за најразлични теми кои ги засегаат младите а тоа се мобингот, правото на породилно отсуство, боледувањето, употребата на слободни денови за дополнително образование и многу други прашања од областа на Законот за работните односи. Повеќе од 200 млади луѓе од Северна Македонија досега учествуваа на овие работилници и добија информации од прва рака, наведуваат од СЕГА.

Наспроти работата со младите, проектот изработи информативен и едукативен видео материјал, како и брошура „Водич низ правата од работен однос на младите, појави кои ги загрозуваат и механизмите на заштита” која е со бројни примери од пракса, а направена е на јазик разбирлив за младите.

-Резултатите од овој проект, заеднички со препораките за продолжување на оваа тема не се важни само за младите луѓе, туку и за сите вработени, а ќе бидат претставени на завршната конференција која ќе се одржи во Белград на 28 – 29 ноември, со претставници на меѓународни институции и државните органи од секоја држава. Идејата на проектот е да ја подигнеме свеста на младите вработени, со намера да се подигне свеста и во работното опкружување. СЕГА ќе продолжи да работи на оваа тема, вели извршниот директор на СЕГА и координатор на проектот, Зоран Илиески.

Треба да знаете
Последни објави