Се одржува 5. меѓународниот поетски настан „Јахја Кемал Бејатли“

Со поддршка на Министерството за култура на Северна Македонија, во организација на Сојузот на турските невладини организации во земјава (МАТУСИТЕБ) во Даут –пашин амам се одржа  5. меѓународниот поетски настан „Јахја Кемал Бејатли”.

На настанот присуствуваа министерот за култура на Македонија, Хусни Исмаили, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, претставници од политичката сцена, претставници на турските институции и здруженија во земјата, поети од Северна Македонија и од 7 земји во кои творат поети со турско потекло.

Министерот Исмаили во своето обраќање пред присутните истакна дека Јахја Кемал Бехајтли, кој е роден во Скопје, е име кое оставило белег во 20. век.

„Ми претставува особено задоволство што МАТУСИТЕБ преку  Меѓународна турска поетска вечер – Јахја Кемал Бејтли, се приклучува на свој автентичен начин кон спроведувањето на политиките на Владата на Северна Македонија, за развој на културата на секој ентитет поединечно. Поети од 5 земји од светот и од земјава деновиве во Скопје преку своето творештво ја шират културата на Република Турција, но говорат и за богатството на мултикултурното општество”, рече министерот Исмаили посакувајќи успешно издание на поетскиот настан.

Треба да знаете
Последни објави