Чад Волф нов вд министер за внатрешна безбедност на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го именува Чад Волф за вршител на должноста министер за внатрешна безбедност на САД.

Волф ќе биде петти раководител на тоа министерство во администрацијата на Трамп.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Волф ќе биде следниот министер, Трамп рече: „Тој веќе тоа го работи, ќе видиме што ќе се случи”.

Портпаролот на Белата куќа Хоган Годли подоцна појасни.

– Како што рече претседателот, Кевин Мекеленан одлично ја вршеше работата. Тој заминува по Денот на ветераните, а Чад Волф ќе биде вршител на должноста привремено, рече Годли.

Волф беше шеф на кабинетот на претходната министерка Кирстјен Нилсен.

Треба да знаете
Последни објави