ВМРО-Народна партија го поддржува замрзнувањето на прогресивното оданочување

ВМРО-Народна партија изрази подршка на Владата за одлуката за замрзнување на прогресивното оданочување и враќање на рамниот данок.

„ВМРО-Народна партија уште на почетокот беше против одлуката за промена на даночната политика во Македонија и сеуште стои на ставот дека не е потребно само одложување туку и целосно укинување на прогресивното оданочување. Причините за ваквиот став ги согледа и самата Влада со тоа што прогресивната даночна политика всушност резултираше со контрапродуктивен ефект“, се вели во соопштението.

Од партијата сметаат дека со укинувањето на прогресивната даночна политика ќе се постигне најдобар ефект и ќе придонесе за поголема стабилност на бизнис секторот.

Треба да знаете
Последни објави