Каевски на младинска трибина: Спроведуваме мерки за младите да останат тука, младите директно учествуваат во креирањето на политиките

На оваа Влада најважни и се младите, а тоа го покажавме со бројни мерки со кои го подобруваме стандардот на младите, на граѓаните во нашата држава – истакна претседателот на СДММ, Дарко Каевски, на младинска трибина под мотото ,,Иднината на Европа”во организација на СДММ.
Преку младинската гаранција во 2018 година, 1935 млади луѓе, а дополнителни 4100 имаа доедукација, пракса ,зголемување на вештините со цел да бидат поконкурентни и атрактивни на пазарот на трудот.
Преку младинската европска картичка, младите имаат низа поволности и можности во повеќе дејности, како угостоителство, транспорт, културни и спортски настани, а важи во сите европски развиени држави.-истакна Каевски.
Како дел од мерките кои го потикнуваат претприемачкиот дух на младите Каевски ги посочи и мерките преку кои младите се помагаат и охрабруваат да отворат сопствен бизнис. 400 земјоделци добија грантови од 10 илјади евра за инвестиции во земјоделството и  вложивме над 34 милиони денари во подобрување на ИТ вештините кај младите.
Истовремено, се работи на подобрување на условите во кои престојуваат студентите, во таа насока се и реконструкцијата на блоковите В и Г на студенскиот Гоце Делчев,а во тек е постапката за реконструкција на Стив Наумов. Затоа што студентите заслужуваат подобар стандард и со сето ова кое што го правиме верувам дека сме на правиот пат-порача Каевски.
Тој посочи дека денес младите имаат можност директно да учествуваат во креирањето на политиките и затоа тие се охрабрени да одат по патот кој носи иднина, просперитет и поголеми можности.

 

Треба да знаете
Последни објави