МЗТ Скопје се рехабилитираше од поразите

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје по двата порази од Гостивар и од Сутјеска во регионалната АБА2 лига, се рехабилитираше со првенствен тирумф над Куманово (75-58). Скопјани пред своите гледачи брзо го скршија отпорот на гостинот Куманово. Поведоа со двоцифрена предност (46-32)  во првиот дел и рутински го приведоа мечот до крајот.

Стојановски со 17 поени и Николов со 15 кошеви беа најистакнати поединци кај „штрковите“, а Миладиновиќ со 14 кошеви кај гостите. За МЗТ Скопје ова беше трета победа во четвртиот првенствен натпревар.

На другите три одиграни средби 4. коло фаворитската улога ја оправдаа Еуроникел, Кожув и Гостивар.

Еуроникел го совладаа дебитант Академија ФМП со 85:69, Гостивар го совлада Вардар на гости со 55-86, а Кожув не се измори против МЗТ Скопје 2  (112-65).

Последниот меч од четвртото коло се игра утре, Работнички на домашен терен го пречекува Пелистер.

Треба да знаете
Последни објави