Шкотската прва министерка, Никола Старџен, им порача на илјадници приврзаници во Глазгов денеска, дека бара нов референдум за независност и дека независноста на Шкотска е „на дофат”.
– Изборите на 12 декември се најважни за Шкотска во нашата епоха. Иднината на нашата земја е во прашање, рече лидерката на Шкотската национална партија.
Таа нагласи дека изгледите за независна Шкотска се „на дофат на рака” и ги повика граѓаните да гласаат што е можно повеќе и да гласаат за таа партија.
Старџен сака референдумот за независност да се одржи во 2020 година, проценувајќи дека Брегзит ги променил околностите под кои 55 проценти од Шкотите гласаа во 2014 година да останат во Велика Британија.
Таа минатиот месец на конгрес на нејзината партија нагласи дека гласањето „треба да се одржи следната година”. Планот е да се побара дозвола од британската влада за одржување референдум до Божиќ