Се снимиле голи и воделе љубов на врвот на Кепсовата пирамида
На видео снимката може да се видат маж и жена како се качуваат на врвот на Големата пирамида, а на крајот има замрзната фотографија на која позираат голи додека водат љубов.
Не се знае дали парот се уште е во Египет.
Снимката која трае три минути објавена е на Јутуб и предизвика огорченост кај Египќаните.
Министерот за културно наследство, Калед ал-Анани поднел кривична пријава против парот, известил весникот „Ал-Ахрам“.
„Скандал на врвот на пирамидата….Како само можеле да се качат? Сигурно ги подмитиле чуварите“, напишал еден корисник на Твитер.
https://youtu.be/2QsB0L91ADQ