Тепачка меѓу 5 лица настанала на Кванташкиот пазар во Струмица, информира МВР.
„Денеска во 11:30 часот било пријавено дека во Струмица на Кванташкиот пазар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Р., Х.Р., В.Р., И.Р. и Г.В. сите од село Баница. Полицијата работи на расчистување на случајот“, соопштуваат од полицијата.
Видео кое го снимиле сведоците на инцидентот, денеска се појави на социјалните мрежи.
https://youtu.be/Hsnxyk_NGjc