Апелациониот суд во Скопје ја одбил жалбата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски за случајот во кој тој беше обвинет за клевета на Вице Заев, пренесе Ипортал.
Со тоа, Апелација ја потврдува пресудата со која е утврденa граѓанска одговорност од Николовски дека го наклеветил Вице Заев на телевизиски настап во октовмри минатата година.
Според пресудата на Основниот суд Скопје 2 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, лажел дека Вице Заев е главен бизнис фактор во државата и дека тој и неговото семејство ги добиваат сите главни бизниси во државата.
Вице Заев го тужеше Николовски за клевета и навреда бидејќи во изјава на една национална телевизија споменува „наместени тендери за братот на премиерот“, кој како што вели партискиот функционер, е главен бизнис фактор во државата.
Меѓутоа, судот само делумно ја прифати тужбата односно одлучи дека Николовски само во дел од изјавата го наклеветил, а го одби и барањето тој да плати 500 евра оштета.