Џенова игра извонредно добро на првите неколку меча под водство на Тијаго Мота, а значајна улога во стартната постава доби и нашиот Горан Пандев.
Популарниот Гоче како поранешен соиграч на Мота доби круцијална улога во старната постава на Џенова, а на тоа возвраќа со фантастични партии на последните три меча. Пандев пред два меча ја запечати победата на Џенова против Бреша со фантастичен гол, а денеска одново погоди, отворајќи го резултатот на мечот со Удинезе.
Македонецот и Куаме изрежираа фантастична акција како на мал фудбал, по што искусниот Пандев погоди за 1:0 во пресметката на која игра и вториот македонски напаѓач, Илија Несторовски.
https://youtu.be/-eYv7ZiKeEU