Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 02.11.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот на подрачјето на Скопје санкционира пет возачи кои ја пречекориле брзината, а откриени се и 48 останати прекршоци за кои се издадени 23 мандатни платни налози и 25 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 02/03.11.2019 во времето од 22,00 до 04,00 часот спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи што управуваат моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 24 возачи, а откриени се 22 останати прекршоци за кои се издадени 10 мандатни платни налози и 12 прекршочни платни налози.
Исто така Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 02.11.2019 година во времето од 11,00 до 22,00 часот санкционира и пет возачи на мотори, а откриени се 45 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатни платни налози и 24 прекршочни платни налози.