Пратеникот Мухамед Зекири се венча со поранешната директорка на телевизијата Алсат М, Бисера Јордановска. Венчавката се случила во хотелот Double Tree by Hilton, каде потоа продолжила свадбената веселба – јави порталот Фактор.
Мухамед Зекири во моментов е потпретседател на владејачката СДСМ и пратеник во Собранието. Претходно долги години беше главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М, како и новинар во неколку други медиуми во земјава.
Бисера Јордановска, пак, е поранешна директорка на Алсат М телевизија. Нивната љубов траеше долги години наназад, и како што за Фактор велат нивни познаници, успеа да ги преброди сите препреки и предрасуди, а сега да биде крунисана и со брак.
Зекири и Јордановска биле во долгогодишна врска, и на двајцата ова им е втор брак, а пратеникот од претходниот брак има и две деца.