Со нож пробол четворица нa протест во Хонг Конг, на еден му го одгризол увото

Најмалку четири лица се повредени денеска во напад со нож на местото каде се одржуваше продемократски протест во Хонг Конг.

Според локалните медиуми, нападот се случил во трговскиот центар „Сити плаза”, а засега неидентификуваниот напаѓач делумно му го отсекол увото на локален советник.

Како што се наведува, разбеснетата група луѓе го претепале напаѓачот, по што тој е уапсен.

Весникот „Хонг Конг фри прес” пишува дека напаѓачот ја поддржувал Владата во Пекинг и дека полицијата ги растерала насобраните.

Треба да знаете
Последни објави