Струмичанец фрлил кеса со марихуана и пиштол во река бегајќи од полиција

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(20) и М.С.(24), двајцата од село Ракитец, Конче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 17.02.2019 пред казино во Радовиш, при преземени дејствија од полициски службеници за легитимирање и преглед на лица, пријавените се дале во бегство, при што првопријавениот фрлил ќеса со марихуана и пиштол во речното корито.

По преземени мерки биле пронајдени од полициските службеници, а и кај второпријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

Треба да знаете
Последни објави