Филипче на граѓанска трибина: Струмица добива најсовремена болница опремена со најсовремени апарати, здравството е на прав пат!

На граѓанската трибина во Струмица, членот на ЦО на СДСМ Венко Филипче се осврна на мерките што се спроведуваа спроведуваат за развој на здравствената заштита.
Особена чест ми е што се привршува крилото на новата струмичка болница. На почетокот на наредната година сите жители од овој регион ќе имаат на рапсолагање најсовремена болница. Струмичката болница ќе добие најсовремен апарат за магнетна резонанца. Нема повеќе патување до Штип или Скопје туку сите здравствени услуги ќе ги добиваат тука во болницата во Струмица, порача Филипче.
Во своето обраќање, Филипче најави дека платите во здравството ќе продолжат да растат со цел лекарите да останат во јавното здравство и да пружаат квалитетни здравствени услуги.
Никогаш досега капитационите бодови не биле зголемени меѓу 15 и 20 отсто ние тоа го сторивме. Во изминатите две години за првпат ги исплативме приватните специјализанти. Во три наврати ги зголемивме платите во здравствениот сектор. Со зголемување на дежурствата уште сега има лекари специјалисти кои добиваат месечен надоместок од 100.000 а догодина сите специјалисти не само во Клиничките центри ќе имаат плата од 100.000 денари, истакна Филипче.

 

Треба да знаете
Последни објави