Јанушев: Одлуката за данокот е неуспешен обид на власта да го ублажи поразот

Одлуката за замрзнување на прогресивниот данок е дневна политика во пресрет на изборите, оцени генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, одговарајќи на новинарско прашање во Велес.

„Мислам дека сите сме свесни дека се работи за политика што повеќе не поминува. Ова е неуспешен обид за да се доближат до граѓаните и да пробаат да го намалат поразот кои што ги очекува на изборите на 12 април“, рече Јанушев.

Тој додаде дека опозијата укажувала оти станува збор за лошо законско решение кое воопшто не треба да биде донесено.

Генералниот секретар на најголемата опозициска партија информира дека преку Разговорите за обнова на Македонија досега имаат остварено разговори со околу 50 илјади граѓани кои им ги имаат кажано своите проблеми.

-Ние како партија земавме обврска да понудиме решенија во изборната програма за изборите кои ќе се одржат на 12 април.Одзивот на нашиот повик од страна на  граѓаните е одличен.Поради големиот интерес ја проширивме акцијата,а воедно се отворени и штабовите на ВМРО-ДПМНЕ во сите градови, а и преку викендите,а остваруваме и контакти и со месните  односно урбаните заедници, информира Јанушев.

Тој појасни дека пред две недели упатиле јавен повик до сите здруженија на граѓани,невладини организации,синдикати,стопански и останати комори да земат учество во изработката на програмата.

Треба да знаете
Последни објави