Денеска 03.11.2019 година, УМС на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на ЦК. На состанокот стана збор за актуелната политичка ситуација во државата и нејзиното влијание врз младите.
Централниот комитет на УМС констатираше дека Зоран Заев во изминативе три години само ги лажеше младите, но и дека повеќе никој не му верува. Младите се на страна на ВМРО-ДПМНЕ и се за промени на секое поле кои ќе ги донесе обновата на Македонија.
На состанокот на ЦК е забележано и дека власта која играше на картата на младинска иселеност, ништо не направи да ја смени таквата состојба и да го спречи иселувањето, напротив иселувањето е зголемено.
СДСМ во изминативе три години направи толку штета, што последиците се најголема младинска невработеност во Европа, како и лоши услови за стартување на бизнис и никаква мотивација на младите за останување во државата.
Агонијата која СДСМ ја предизвика во државата мора да запре.
УМС на ВМРО-ДПМНЕ е отворена за сите млади луѓе во Македонија кои не се согласуваат со лошите политики на оваа власт.
Во периодот што следи младите треба да бидат тие кои ќе ги направат промените. Младите се тие кои што ќе ја предводат обновата.